петок, 25 октомври 2024

Лука Луковски: Компанијата „Еуро-Екопак“ работи на подигање на еколошката свест и креирање на мрежа на рециклажни центри

Степенот на еколошка свест кај граѓаните расте иако сè уште не е на задоволително ниво. Вклучувањето на луѓето во процесите на селектирање и рециклирање е од огромно значење. Во таа насока во периодот што следува ќе ги зголемиме активностите и кампањите за подигнување на јавната свест, вели Лука Луковски, директор на непрофитната компанија „Еуро-Екопак“ која е втор по големина колективен постапувач со отпад во земјава со повеќе од 500 клиенти.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Луковски

На 3 ноември (недела) во 12 часот во паркот „Авионче“ во скопската населба Аеродром ќе се одржи настан каде фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Но, нема да се изостави и забавната компонента па ќе настапат: дуото ДНК, детскиот хор „Поточиња“ и танц групата „Аква денс“.

– Настанот е дел од проектот CleanAirDrom кој го реализира општина Аеродром, а каде ние се вклучуваме како поддржувач. Како дел од овој проект, општината постави машини за собирање пластични шишиња во девет училишта и две градинки. Ја поздравуваме оваа активност и идејата за вклучување на најмладите и сметаме дека е во вистинска насока за поставување на темели за почиста општина. Ние даваме поддршка околу собирањето и предавање на понатамошна обработка на собраните количини – појаснува Луковски.

Кога и како започна приказната на „Еуро-Eкопак“?

„Еуро-Екопак” својата мисија во селектирањето на отпадот од пакување ја започна со своето основање во јуни 2011 година, шест месеци од донесувањето на законската регулатива. Појавата на компанијата придонесе во остварување и реализирање на лојална конкуренција на пазарот на собирање и селектирање на отпадот. Нашите активности беа и се насочени кон градење и организирање на систем на управување со вклучување на релевантните чинители на пазарот, секој во рамките на неговите со закон утврдени обврски и надлежности во сферата на собирањето и селекцијата на отпадот од пакување. Таквиот пристап и определба е во насока на градење на систем на примарна селекција на отпадот, релаксирање на пазарот на рециклирање, јакнење на конкурентната способност на компанијата и намалување на појавата на монополска положба на правни субјекти на пазарот. Основната планска определба, зацртана како примарна активност на компанијата е градење на одржлив систем на управување со отпадот од пакување и имплементирање на законските обврски.

Кои се вашите приоритети во развивањето на процесите на собирање и селектирање на отпадот од пакување?

Основен приоритет е градењето на систем на примарна селекција на отпадот од пакување со вклучување на сите правни субјекти и чинители утврдени со законските одредби. За таа цел „Еуро-Екопак“ со своите континуирани активности на посета на компаниите членки на системот, истражување на пазарот и вклучување во системот на нови членки го зајакнува својот капацитет, како основна определба на своите активноси на градење на системот. Во таа насока се и активностите на континуирана соработка и комуникација со единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија и граѓанскиот сектор и нивно вклучување во системот на управување со отпадот од пакување, како основа за стимулација на процесите на имплементирање на законските одредби и градење на одржлив систем на управување со отпадот од пакување на долгорочна основа.

Ставот на граѓаните генерално е – зошто да рециклирам кога на крајот сè завршува на исто место. Каков е вашиот став по ова прашање?

Секој граѓанин има обврска да се грижи за отпадот кој го создава и истиот да го одложува во поставената урбана опрема – контејнери. Во пракса, се соочуваме со несовесни граѓани, кои не се придржуваат со воспоставениот комунален ред на ниво на единицата на локална самоуправа и отпадот го одлагаат во несоодветни контејнери. За елиминирање на ваквите појави според нас треба вклучување на сите капацитети во државата каде главниот фокус ќе биде подигнување на јавната свест за придобивките од селектирање и рециклирање односно на целокупното влијание на овие процеси врз животната средина. Како што нагласивме претходно, нашата компанија го развива системот на примарната селекција на отпадот со вклучување и соработка со сите чинители во општествената заедница, кои се опфатени со законската регулатива во сферата на управување со отпадот, но исто така и се повеќе инвестира во подигнување на јавната свест.

Kакви се вашите планови за во иднина?

Амбициите на „Еуро-Екопак“ во следните години се насочени кон подигнување на капацитетите на компанијата со зголемување на бројот на компании членки на системот и зголемувањето на процентот на управување со отпадот од пакување и пазарниот удел. Во таа насока понагласени ќе бидат активностите на основање на собирни и рециклажни центри во единиците на локалната самоуправа, што е основен економски индикатор за зголемување на процентот на управување и рециклажа со отпадот од пакување, вклучување на општините, лиценцираните правни субјекти и граѓаните и другите чинители во процесот на собирање и рециклирање на отпадот. Нашите истражувања покажаа дека развивањето на системот на примарна селекција, преку доделување на урбана опрема и градење на инфраструктура на собирни центри е основниот постулат на кој насочуваат и законски утврдените обврски.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ