Мрежите мируваа до 64. минута кога по една акција од слободен удар, Винисиус асистираше до Милитао кој постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Следуваше прекин на натпреварот откако фановите на Атлетико Мадрид почнаа да фрлаат со запалки кон голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
Фудбалерите се повлекоа во соблекувалните, но по извесно време откако се смирија страстите на трибините, натпреварот продолжи.
Реал не успеа да го сочува водството, во 95. минута Кореа постигна гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат, но тоа не беше се.
Во 99. минута Љоренте заработи директен црвен картон поради остар старт.