петок, 28 јуни 2024

Лошиот старт го чинеше Норис победа, Верстапен славеше на ГН на Шпанија (ВИДЕО)

Макс Верстапен трет пат по ред триумфира на ГН на Шпанија, возачот на Ред Бул мина прв низ целта пред Ландо Норис и Луис Хамилтон.

Објавено на

часот

Сподели

Ландо Норис синоќа изненади во квалификациите и стигна до пол-позција, но денеска лошо стартуваше и тоа го чинше победа во трката.

Возачот на Мекларен не само што беше претекнат од Макс Верстапен, му дозволи и на Џорџ Расел да избие на врвот, па наместо тој да ја контролира трката, ги бркаше ривалите.

Во едно вакво сценарио, Макс Верстапен беше најумешен, кој веќе во третиот круг изби на чело и потоа рутински одработи за трета победа по ред на ГН на Шпанија, а Ландо Норис финишираше како втор со две секунди заостанување.

Последното место на пиедесталот му припадна на Луис Хамилтон, кој за прв пат ова сезона заврши една трка во топ 3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ