сабота, 13 јули 2024

Џудистот Шерифовски е петтиот учесник од Македонија на Олимпијадата во Париз

Македонскиот олимписки комитет (МОК) информира дека Еди Шерифовски ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го доби и петтиот Олимпиец кој ќе биде дел од Олимпијадата во Париз, станува збор за Еди Шерифовски.

„Македонскиот олимписки комитет беше информиран дека, со заедничка одлука на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната Џудо Федерација, врз основа на постигнатите резултати и постоечките правила, најдобриот македонски џудист, Еди Шерифовски (категорија -81 кгр) ќе учествува на Олимписките игри Париз 2024“, стои во соопштението на МОК.

Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во Џудо. Претходно Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи Токио 2020 учествуваа на Олимписките игри,

Другите наши преставници кои ќе учествуваат на ОИ во Париз се Владимир Егоров во борење, АНастасија Мојсовска во стрелаштво, Мила Рељиќ во таеквондо и атлетичарот Дарио Ивановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ