„Билд“ пренесува дека 25-годишен Сириец со нож нападнал тројца мажи во Штутгарт. Меѓу повредените има еден Германец (19) и двајца Турци (38 и 60 години). Помладиот Турчин бил потешко повреден, но веќе не е во животна опасност.
Сирискиот државјанин брзо бил уапсен, за него се собрани доволен број на доказни, вклучително и видео снимки.
„Се слушна звук кој звучеше како истрел. Сите се стрчаа кон излезот. Некои се судираа, но за среќа никој не падна и не беше повреден, можеше да биде посериозно“, изјавил сведок за „Билд“.
Фан зоната во Штутгарт повторно ќе биде отворена и покрај инцидентот. Градоначалникот Френк Нопер вети дека ќе се зголеми безбедноста.