четврток, 5 декември 2024

Љутков: Муралот „Илинден 1903“ од Лазески е културно наследство за борбата на македонскиот народ

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера во Музејот на македонската борба ја отворил изложбата „Анатомија на муралот Илинден 1903“ од академскиот сликар Борко Лазески, посветена на одбележувањето на двата големи празника од нашата историја – 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Љутков во своето обраќање истакнал дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатото, да ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.

– Токму муралите на нашиот современ академски сликар Борко Лазески, како визуелна форма на уметноста, се историска хроника за најзначајните моменти во нашата историја врежани во боја и форма, каде што во секој детаљ  може да се почувствуваат слободата и страста на оние што го оствариле својот сон. Тие се потсетник за тоа што сме постигнале и каков пат сме поминале како нација, истакнал Љутков, соопштија денеска од Министерството за култура.

Овој мурал, додал тој, не само што ни ги пренесува настаните од еден историски период, туку и ни помага да ги разбереме и да ги цениме вредностите за кои се бореле нашите претходници.

– Ова дело е уметничка анализа за обичните луѓе кои се претвориле во херои, за нивната пожртвуваност и нивните надежи. Истовремено е и инспирација за  идните генерации нудејќи им можност да ја почувствуваат и да ја разберат борбата за слобода на начин што ги надминува традиционалните историски наративи, рекол министерот за култура и туризам.

Љутков потенцирал дека е горд на нашето културно наследство и на делата што ги промовираат и ги зачувуваат нашите историски настани и личности. Нашата улога е, додал тој, да ги поддржиме и да ги охрабриме ваквите иницијативи, кои не само што го збогатуваат нашето културно богатство туку и ја зајакнуваат нашата национална свест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ