вторник, 26 ноември 2024

Левица изрази сочувство со семејствата на жртвите во Москва и очекува и осуда од државниот врв

Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад, кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала Крокус, соооптшти Левица и изрази најостра осуда со очекување осуда да изрази и македонскиот државен врв. Осуда изрази и претседателскиот кандидат на партијата, професорката Билјана Ванковска. „Сочувство за московјани. Сочувство за семејствата. Сочувство за Русија“, објави Ванковска преку својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите, кои се достапни засега, убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците, е многу поголем.

Левица изразува длабоко сочувство до жртвите на терористичкиот напад и до нивните семејства. Ваквите грозоморни дејствија заслужуваат најстрога осуда и санкција, како за извршителите, така и за нарачателите на убиствата!

Очекуваме и државниот врв да изрази сочувство и поддршка за семејствата на жртвите и да ја искаже горчината што ја чувствуваат македонските граѓани од грозоморниот чин за кој нема сомнение дека го извршиле добро обучени професионалци“, се вели во партиската реакција на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ