„ Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија поради безбедносни причини. Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици“, се вели во соопштение а јавноста на партијата Левица.
Прашањето што го поставува партијата е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Според Левица, овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.
„ Левица бара одговор од новиот директор на АНБ – Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, велат од Левица.