„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ.
Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица.
Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и сите угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, се вели во соопштението на Црвена младина.
Левица до членовите на СДСМ: Вратите ви се отворени
Црвена младина на Левица со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател ги повика членовите на СДСМ да им се приклучат.
Објавено на
часот