понеделник, 25 ноември 2024

Лефков ги потсети Филипче и Заев на „крвавиот тендер за реагенси и на Жутиот“

Венко Филипче и Зоран Заев ги врзува една силна врска, тоа се меракот за пари и коруптивни зделки. Да потсетиме овие двајца браќа по криминал и корупција уште во 2018-тата година се врзаа во еден скандал, едниот како премиер, другиот како министер. Во 2018-тата година Филипче го спроведе скандалозниот тендер за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во јавните здравствени установи низ цела Македонија. „Крвавиот тендер“ на Филипче тежок 35 милиони евра предвидуваше монопол во набавката на реагенси, а сето тоа ќе го добиеше компанија формирана неколку месеци пред тендерот, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков..

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа компанија раководена од тотални анонимуси и без какво било претходно искуство за набавка или продажба на медицинска опрема, беше фаворизирана уште со самата тендерска документација.

За сериозноста, односно несериозноста на компанијата говори и фактот што истата беше управувана од човек по име Александар Јовановски – Жути, човек без какво било искуство во медицинската опрема, а во централниот регистар како адреса за контакт била наведена веќе легендарната zuti45@yahoo. Оваа адреса стана синоним за алаш вериш тендерите на Филипче.

Сите овие скандалозни факти не беа доволни Филипче да не го додели овој огромен тендер, но дури после огромниот и голем притисок на јавноста и ВМРО-ДПМНЕ, истиот да го поништи. Но, како и за многу други скандали, така и за овој обвинителството остана немо.

Венко Филипче беше клучниот играч на Заев во сите криминалии и корупција кои се случуваа во здравството. Затоа и го штитеше и го чуваше на таа позиција. Тогаш го чуваше во министерското столче, сега го постави во претседателската фотелја во СДСМ. Заев и Филипче мислат дека ако ја имаат СДСМ како заложник ќе може да ги уценуваат политичките процеси или да се пазарат со правдата и одговорноста. Се лажат. Одговорност ќе има, а народот веќе ги има прочитано што мостра се. Впрочем дереџето на кое се најде СДСМ во голема мера е резултат на Заев и Филипче и како тргнале да ја држат партијата во заложништво за личните интереси, така уште повеќе ќе ја тонат“, изјави Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ