Утрово стартуваше новата сезона во НБА, ЛА Лејкерс на стартот триумфираше над Минесoта, а мечот го одбележа историски момент, за прв пат заиграа татко и син во најсилната кошаркарска лига.
Во финишот на полувремето, Леброн Џејмс и Брони Џејмс истрчаа на паркетот и беше испишана историја.
LeBron James.
Bronny James.The first father-son duo to play together in the NBA! pic.twitter.com/naadFLoPmh
— NBA (@NBA) October 23, 2024
Брони Џејмс на своето деби во НБА одигра три минути и не се прослави многу, забележа само еден скок.
Што се однесува до натпреварот, ЛА Лејкерс ја создаде предноста во втората четвртина, Минесота се обидуваше да ја врати неизвесноста но на крајот „езерџиите“ без многу проблеми славеа со 110-103.
За победата на ЛА Лејкерс најзаслужен беше Ентони Дејвис, кој постигна 36 поени, 16 скокови и четири асистенции, додека на другата страна Ентони Едвардс постигна 27 поени и шест скокови.