понеделник, 25 ноември 2024

ЛДП: Зајкова останува претседателка на партијата, ќе делуваме независно

Либерално-демократската партија синоќа ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите на која се даде целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста. Како одговорна партија, се наведува во партиското соопштение, ЛДП внимателно го разгледа извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните избири 2024 година доставен од страна на Централниот изборен штаб. Централниот одбор го усвои извештајот, а биле детектирани и укажано на слабостите кои се појавиле во текот на кампањата.

Објавено на

часот

Сподели

„ЛДП во Собранието ќе дејствува независно како и досега, а ќе дадат поддршка на се што значи напредок на државата на реформскиот и евроинтегративниот пат и ќе носи добробит на граѓаните.

Исто така, ќе бидеме и гласни критичари на сите закони и политики кои се лоши за државата и ја враќаат назад“, потенцираат од ЛДП.

На седницаѕа ЦО го овластил генералниот секретар да организира посета на членовите во секоја општинска организација со цел изготвување на темелна анализа за натамошното дејствување и политики на партијата.

За извештајот, анализата и сите одлуки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, потенцираат од ЛДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ