Евроазија е моторот на светскиот развој, додаде тој.
„Евроатлантскиот регион ја загуби таа улога“, рече Лавров во говорот на Дипломатскиот форум во Анталија.
Шефот на руската дипломатија се осврна и на Обединетите нации, нагласувајќи дека Повелбата на ОН е идеалниот документ на денешницата.
Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Лавров рече дека таму не се присутни само странски платеници, туку и британски и француски офицери.