„Не можам да замислам. Ќе ги причекаме предлозите. Редовно истакнуваме, кога за тоа нè прашуваат, дека во секој случај, политичар кој вели дека не е за војна, туку за мир, заслужува внимание“, истакна шефот на руската дипломатија.
Одговарајќи на прашањето за разговорот на рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, Лавров кажа дека Кремљ објавил соопштение и дека нема што да додаде.
„Што се однесува до руската страна, Кремљ веќе соопшти, нема што да се додаде. Кремљ јасно ги изнесе своите проценки“, им кажа Лавров на новинарите.
Лавров претходно порача дека Русија е спремна да комуницира со новата американска администрација и дека топката е кај нив.
Тој коментирајќи ги неодамнешните повици на земји од Европската Унија и НАТО на дијалог со Москва кажа дека „луѓето кои иницираат такви повици не се целосно изгубени како политичари“.