„ДПМНЕ и Мицкоски дејствувааат против подобар живот за граѓаните, против нови и поголеми европски фондови, против забрзан напредок и европски стандарди. Мицкоски сака земјава да биде повторно да ја држи во 11 годишна изолација. Прво беше асимилација и бугаризација, откако тие лаги пукнаа како меур од сапуница, се измисли нова лага, бугарски диктат. Ниту има бугарски диктат, ниту пак е можно да се репреговара за нов договор. Видовме како Груевски и ДПМНЕ во минатото репгеровараат и како земјата тонеше 11 години“, рече Кузеска и нагласи дека таквата политика на блокада на европската иднина е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка.
Според портпаролката на СДСМ, македонскиот народ е проверопски оринтиран и додаде дека сите граѓани кои се за членство во ЕУ, тоа нема да го простат.
„Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ. 80% од македонските граѓаните се за членство во ЕУ, сакаат да живеат во европска држава, членка на НАТО и ЕУ. Нема да дозволиме иднината на државата да е блокирана од страна на Мицкоски и ДПМНЕ. СДСМ, заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада и ќе успееме во тоа“, рече Кузеска.