среда, 27 ноември 2024

Кремљ потврди: Ердоган пристигнува на самитот на БРИКС во Казан

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја прифати поканата на руските власти да присуствува на самитот на БРИКС во Казан, соопшти помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Предлогот беше пренесен до турската страна, Ердоган го прифати“, изјави Ушаков за руските медиуми.

Блумберг објави дека Турција поднела барање за пристапување во БРИКС. Како што е соопштено, Анкара е разочарана од недостатокот на напредок во нејзините напори за пристапување во ЕУ и на овој начин Турција се обидува да го зајакне своето влијание во светот и да ги прошири врските со земјите во развој.

Според Блумберг, одлуката на Турција да се приклучи на БРИКС доаѓа делумно по одредено заладување во односите со Западот, што се случи откако Турција одлучи да остане во добри односи со Русија.

Самитот на БРИКС ќе се одржи од 22 до 24 октомври оваа година во Казан.

Русија го презеде претседателството со БРИКС на 1 јануари оваа година. Годината започна со прием на нови членки во организацијата – покрај Руската Федерација, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, сега ги вклучува Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ