среда, 11 декември 2024

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани за време на вчерашната потрага во Црвеното Море, откако еден ден претходно потона туристички брод со 44 луѓе.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Досега се спасени вкупно триесет и три лица, но потрагата по седум исчезнати лица сè уште трае, соопштено е во вторникот вечерта.

Идентитетот на жртвите сè уште не е официјално објавен. Според информациите на Би-би-си, меѓу исчезнатите се и двајца британски државјани.

Современиот брод со четири палуби превезувал 31 патник и 13 членови на екипажот кога се верува дека бил погоден од голем бран во близина на Марс Алам, поради што се превртел.

Повикот за помош бил испратен во 5:30 часот по локално време, потврдија локалните власти.

Според гувернерот на регионот на Црвеното Море, генерал Амр Ханафи, бродот потонал за пет до седум минути, а некои луѓе не можеле да излезат од своите кабини.

Спасувањето започнало веднаш по несреќата. Вкупно 28 лица биле спасени од армијата и еден туристички брод што минувал во првите часови по несреќата.

Гувернерот исто така изјави дека други преживеани биле пронајдени во областа Вади ел-Гемал, јужно од Марса Алам.

Бродот „Си стори“ долг 44 метри исплови од пристаништето во близина на Марс Алам во неделата на петдневно нуркачко патување кое требаше да заврши во Хургада, посеверно на брегот на Црвеното Море.

Се верува дека бродот бил зафатен од бура со силен ветер во текот на ноќта во недела кон понеделник. Египетската метеоролошка служба предупреди на високи бранови во Црвеното Море и препорача да се избегнува пловење во недела и понеделник.

Брзината на ветрот во таа област била меѓу 60 и 70 км/ч, додека брановите достигнувале висина од три до четири метри.

Според информациите од локалните власти во Марса Алам, екипажот на бродот бил египетски, додека патниците доаѓале од Белгија, Велика Британија, Кина, Финска, Германија, Ирска, Полска, Словачка, Шпанија, Швајцарија и САД.

Меѓу исчезнатите има двајца полски туристи и еден од Финска, според најавите на министерствата за надворешни работи на тие земји.

Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи изјави дека тие даваат „поддршка на британските државјани и нивните семејства по инцидентот во Египет“.

Кинеската амбасада во Египет потврди дека двајца нејзини државјани се „во добра состојба“ по спасувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ