Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде и го исполнуваме нашиот заеднички договор“, рече Ковачевски.
„Денес имав убав повод за средба со нашите Македонци и во рамките на ова средба практично направивме донација од машина која што ќе ја користат во текот на зимските месеци за чистење на снегот и улично осветлување. Вкупната донација е од еден милион денари и таа веднаш ќе биде предадена и ќе биде користена во Голо Брдо како и во другите општини кој што се населени со Македонци. Сакам уште еднаш да им посакам добредојде на нашите сограѓани на нашите Македонци кои живеат во Албанија и како што и тие сами кажуваат овде се чувствуваат како дома бидејќи и Албанија и Северна Македонија се држави кој што во моментов имаат односи кој што се на исклучително високо и пријателско ниво. Добредојдовте уште еднаш и нека е со среќа“, рече Ковачевски при предавањето на донацијата.
Тој најави дека наскоро 24 часа ќе работи и граничниот премин Требиште-Џепиште 24 часа.
„Има еден инфраструктурен дел кој треба да се направи на албанска страна, има делови што треба да се договорат помеѓу министерствата за внатрешни работи. Денес со премиерот на Албанија, Еди Рама, разговаравме и ресорните министри веќе се запознаени од двете држави за начинот на кој треба да го санираме и да го решиме овој долгогодишен проблем кој што Македонците од Голо Брдо го имаат, а пред сè се однесува на непречено 24 часовна комуникација на граничниот премин меѓу двете држави“.