среда, 4 декември 2024

Апел на УЈП за поднесување на пријавите за ДДВ-04, рокот е до 25 ноември

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25 ноември 2024 година (понеделник).

Објавено на

часот

Сподели

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25 ноември 2024 година (понеделник).

„Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска“, информираат од УЈП.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата, велат, е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ