среда, 11 декември 2024
Средба Стоилковиќ-Суј Леј

Во иднина визите за Кина ќе важат пет години, кинескиот амбасадор Леј најави олеснување на визниот режим

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, предводена од в.д. амбасадорот, Суј Леј.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од министерството за односи со заедниците, на средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а и вицепремиерот и министер Стоилковиќ и в.д. амбасадорот Леј изразиле подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти.

„Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна в.д. амбасадорот Леј и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници ја изразија желбата за нејзино дополнително стимулирање. Кинескиот амбасадор истакна дека неговата земја е отворена за соработка со РС Македонија и македонските граѓани, со посебен акцент на фактот дека меѓу кинеските компании постои расположение за учество во капитални проекти, но и за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми. Воедно како доказ за одличните релации меѓу двете земји в.д. амбасадот на НР Кина го најави и олеснувањето на визниот режим за македонските граѓани и податокот дека во иднина издадените визи ќе бидат со важност од пет години“, се наведува во соопштението на Министерството за односи со заедниците.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласиле дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, а дека искуството на Кина како земја на различности треба да послужи како добар пример во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ