среда, 11 декември 2024

Македонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за Светското првенство

Со одигрувањето на досегашниот дел од Лигата на нации веќе е јасно дека Македонија ќе биде во третиот шешир за ждрепката за квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Објавено на

часот

Сподели

Во моментов сме 29. рангирана нација во Европа, а тоа значи дека сме сигурни во третиот шешир.

Покрај Македонија таму се и селекциите на Словенија, Ирска, Албанија, Грузија, Финска, Исланд, Северна Ирска, Израел, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тоа значи дека не може да имаме противник од овие репрезентации.

Засега е двојбено само уште едно место, бидејќи со триумф вечерва на Чешка над Грузија би се пласирала во Лига А и со тоа би си го обезбедила местото во вториот шешир. Ризик да паднат во третиот шешир со Македонија имаат уште Словачка и Шкотска.

Сигурно е и дека Македонија ќе биде во група со пет репрезентации и квалификациите ќе ги започне од март наредната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ