петок, 6 декември 2024

Русија го забрани извозот на збогатен ураниум во Америка

Русија привремено го забрани извозот на збогатен ураниум во САД, со можни исклучоци, велејќи дека потегот е одговор на американските трговски ограничувања и планираната забрана за увоз од 2028 година. Руската влада привремено го ограничи извозот на збогатен ураниум во САД, објави канцеларијата за односи со јавноста.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката се однесува на извоз на збогатен ураниум во САД, односно на договори за надворешна трговија со (правни) лица регистрирани на територијата под американска јурисдикција. Исклучок се испораките врз основа на еднократни дозволи издадени од Федералната служба за техничка контрола и за контрола на извозот“, објаснуваат од канцеларијата.

Со овој потег Москва возврати на американското ограничување на увозот на руски производи од збогатен ураниум во периодот од 2024 до 2027 година и на најавената забрана за увоз од 2028 година, стои во соопштението на канцеларијата, според руската новинска агенција ТАСС.

„Извозот е де факто забранет“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека контролната служба може да дава исклучоци, но само доколку се во интерес на Москва. Една четвртина од нуклеарните централи во САД главно купуваат збогатен ураниум од Русија, забележува германската новинска агенција дпа.

Американскиот претседател Џо Бајден годинава го забрани увозот на збогатен ураниум од Русија, со исклучок на гориво за нуклеарките. Рускиот претседател Владимир Путин нареди во септември да се преиспитаат ограничувањата за извозот на стратешки важни суровини, вклучувајќи никел, титаниум и ураниум.

Русија е меѓу клучните светски снабдувачи со збогатен ураниум за нуклеарните централи. Руската нуклеарна компанија Росатом вчера истакна дека, со исклучок на САД, ќе го испорача ураниумот што го нарачале другите купувачи, од кои 33 од 14 земји, без да наведат детали.

Регулативата предвидува посебна процедура на организација на испорака на ураниум на територијата на САД и до американските клиенти, истакна Росатом. „Испораките на руски ураниум во други земји ќе продолжат, без никакви промени, според условите што ги договоривме со клиентите и во согласност со руските закони“, нагласи во понеделникот Росатом.

Тие исто така истакнаа дека покриваат околу 17 отсто од светската побарувачка за збогатен ураниум, кој се користи како гориво во нуклеарните централи и дека лани произвеле 2.700 тони ураниум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ