среда, 4 декември 2024

Русија: Соборивме пет од шесте американски ракети испукани од Украинците

Украина денеска првпат употреби американски ракети АТАКМС за напад на руска територија, соопшти официјална Москва.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија објави дека нејзините воени сили собориле пет од шест проектили истрелани врз воен објект во областа Брјанск, кој бил погоден од фрагменти од проектил, но нема жртви или материјална штета.

Украина извести дека погодила складиште за оружје на околу 110 километри во внатрешноста на Русија и предизвикала секундарни експлозии. Не беше прецизирано какво оружје е употребено.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ѝ одобри на Украина да користи американски ракети со среден дострел за такви напади, што Москва го оцени како ескалација што може да го претвори Вашингтон во директен учесник во војната и да поттикне одмазда.

Сè се случува во услови на планови за одбележување на 1.000 дена од војната која остави уморни војници на фронтот, бројни воздушни напади врз Киев и стравувања од дополнителна поддршка од Западот додека во Белата куќа се враќа Доналд Трамп.

Воени експерти веруваат дека американските проектили можат да ѝ помогнат на Украина да ги одбрани деловите на Русија во Курската област што таа ги окупираше. Украина би можела да го искористи ова како средство за преговори, но веројатно нема да го промени текот на 33-месечната војна. Потенцијално, во САД се очекуваат уште посилни промени кога за два месеци на власт ќе се врати Трамп, кој вети брзо завршување на војната, но не откри како.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ