четврток, 5 декември 2024

Коалицијата Вреди и ДУИ со меѓусебни обвинувања за инцидентите со палење на државното знаме

Коалицијата Вреди денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Македонија,  на денот на албанското знаме се блиски соработници на поранешниот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Објавено на

часот

Сподели

„ Со задоволство и гордост можеме да соопштиме на пошироката јавност дека Денот на независноста на Албанија се сметаше за идеален момент за дестабилизација на ДУИ, овој план беше срушен со притворање на 17 лица . Зашто, никој никогаш во замена за ништо не може да запали државни и национални знамиња, без разлика на нивната припадност. Ние ја завршивме нашата работа многу професионално и многу брзо. Со жалење и загриженост ве известуваме дека Вреди обезбеди и фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на мајсторот на казиното, Артан Груби“, изјави денеска Арбен Фетаи, секретар за надворешни прашања од Алијанса за Албанците, кој е и актуелен заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење.

Фетаи повика на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, со цел да се обезбеди мир и напредок во државата.

„ Повикувам на намалување на тензиите и забрана на говорот на омраза, бидејќи тоа се пречки за мир и напредок. Ние како Вреди ќе продолжиме да бидеме гаранти на мирот, стабилноста и развојот на нашата држава. Секој Албанец има право да живее и да ужива во слободата, да слави со гордост и без страв од политички поделби или манипулации кои можат да го загрозат овој мир и хармонија што сакаме да ги изградиме за сите“, посочил Фетаи.

Речиси веднаш реагираа од  Демократската унија за интеграција која  најостро ги осуди лажните обвинувања и манипулациите што според нив, „ антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција“.

„ Обидот на оваа антиалбанска влада да ја вмеша ДУИ во настаните поврзани со денот на албанското знаме претставува не само невидена манипулација, туку и обид да се покријат сопствените неуспеси и дискриминаторски политики.

Јасно и недвосмислено изјавуваме: ДУИ нема никаква врска со организирање на инцидентите. Секоја изјава или обвинување во таа насока е целосно неосновано, клеветничко и злонамерно. Антиалбанската влада со ова јавно ги манипулира граѓаните, обидувајќи се да го изврти вниманието од вистинскиот проблем – селективниот пристап на полицијата, која уапси 17 Албанци за инциденти со државното знаме, но ниту еден од оние што го запалија албанското знаме.

Оваа стратегија на антиалбанската влада е очигледен обид да се префрли одговорноста за нивниот хаос и неуспех во справување со ситуацијата. Овие дејствија претставуваат провидна тактика за продлабочување на етничките тензии и дефокусирање од вистинските проблеми во земјата.

ДУИ нема да дозволи да биде предмет на политички спинови и манипулации. Објавуваме дека ќе преземеме сите правни мерки против овие лажни обвинувања и ќе побараме одговорност од сите инволвирани во ширењето на овие дезинформации.

Дополнително, ги повикуваме антиалбанската влада и институциите веднаш да престанат со оваа опасна реторика и да се посветат на праведно, непристрасно и професионално справување со настаните. Наместо да креираат вештачки виновници, нека се фокусираат на истрагата за сите учесници во инцидентите, без разлика на нивната етничка припадност или политичка позадина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ