Кливленд во сезоната влезе со 15 последователни победи, но таа серија беше прекината во минатото коло кога беа поразени од Бостон.
Поразот е минато, тие ноќеска со 28 разлика го совладаа тимот на Њу Орлеанс.
Натпреварот го одбележа Тај Џером од Кливленд кој во првото полувреме постигна 7 тројки од 10 шута и постигна 27 поени, а неговиот тим на полувремето замина со +14. По три четвртини беше +32, па во последните 12 минути, стартерите имаа можност да одморат.
За разлика од првото, Џером постигна само два поена во второто полувреме и натпреварот го заврши со 29 поени. Нијанг додаде 20, а најдобриот играч на Кливленд, Донован Мичел на теренот помина само 20 минути и за тој период постигна 10 поени. Антонио Ривс го предводеше Њу Орлеанс, а воедно и беше најефикасен на натпреварот со 29 поени.
Резултати:
Кливленд – Њу Орлеанс 128-100
Милвоки – Чикаго 122-106
Хјустон – Индијана 130-113
Мемфис – Филаделфија 117-111
Оклахома – Портланд 109-99
Голден Стејт – Атланта 120-97
Феникс – Њујорк 122-138
ЛА Клиперс – Орландо 104-93