Ненадејното соопштение на Кина од понеделникот за ограничување на извозот на производи од галиум и германиум кое стапува на сила од 1 август ја интензивираше трговската војна со Соединетите Американски Држави и би можело потенцијално да предизвика нарушувања во глобалниот синџир на снабдување.
Аналитичарите тврдат дека потегот, за кој Пекинг тврди дека е обид за заштита на националните интереси, е всушност одговор на напорите на Вашингтон да го сузбие технолошкиот напредок на Кина.
„Кина ги удри американските трговски рестрикции таму каде што боли“, кажа за Ројтерс Петер Аркел, претседавачот на Глобалното рударско здружение на Кина.
Европската комисија изрази загриженост, додека германскиот министер за економија Роберт Хабек кажа дека ширењето на контролата на извозот на материјали како литиумот би било проблематично.
Кина произведува поголем дел од светските галиум и германиум, материјали кои се користат во високотехнолошката индустрија како и за воена опрема, истакнува Ројтерс.
Во 2022 најголеми увозници на кинеските производи од галиум беа Јапонија, Германија и Холандија, објави сајтот Цаикин, повикувајќи се на податоци од царините. Најголемите увозници на производи од германиум биле Јапонија, Франција, Германија и САД, се наведува во извештајот.