четврток, 5 декември 2024

Кина најави построга контрола на извозот на ретките материјали за чипови

Објавено на

часот

Сподели

Листата опфаќа легури кои се користат во производството на диоди, транзистори и интегрирани кола. Германиумот се користи во инфрацрвената технологија, оптичките кабли и соларните ќелии. Произведувачите ќе мора да набават дозволи за извоз, истакна министерството, додавајќи дека кршењето на одредбите носи казни.

Потегот на Пекинг се надоврзува на низата мерки со кои Соединетите Американски Држави го ограничија извозот на софистицирани чипови во Кина, повикувајќи се исто така на националната безбедност и можната двојна примена, вклучувајќи воена. САД заедно со Холандија и Јапонија ги здружија силите за ограничување на извозот на машини за производство на софистицирани чипови во Кина.

Така холандската влада најави нови прописи според кои произведувачите на софистицирани машини за чипови ќе мора да бараат извозни дозволи, не спомнувајќи ја конкретно Кина. „Го направивме тој чекор во интерес на нашата национална безбедност“, кажа тогаш министерката за трговија Лисје Шеринемахер, додавајќи дека опремата може да биде употребена во воени цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ