среда, 26 јуни 2024

Кина му одговори на НАТО: Преиспитајте ги своите акции во Украина

Меѓународната заедница има фер мислење за улогата на НАТО во украинската криза, но Алијансата би требало да ги преиспита своите постапки, кажа портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џијан на брифинг за новинарите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„НАТО би требало да ги преиспита своите акции, а не да врши произволни клеветнички напади на Кина“, додаде Џијан, одговарајќи на барањето за коментар на зборовите на генералниот секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг.

Столтенберг денес изјави за Би-би-си дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да сноси последици поради поддржувањето на Русија во војната во Украина.

Тој кажа дека Пекинг „се обидува да седи на две столици“, поддржувајќи ги руските воени напори и истовремено одржувајќи односи со европските сојузници.

„Ова нема да функционира на долги патеки“, кажа Столтенберг за време на посетата на Вашингтон.

Кинескиот дипломат истакна дека Кина не е креатор ниту страна во украинската криза, туку дека постојано вложува напори за одржување мировни преговори.

„Препорачуваме релевантните страни да престанат да префрлаат вина и одговорност, да сеат раздор, да престанат да долеваат масло на огнот и да провоцираат блоковска конфронтација и да почнат да работат на политичко решавање на кризата“, кажа Лин Џијан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ