„Веќе стана јасно зошто пролетта 2021 година, како претставник на Бугарија во Европскиот совет, го префрлив фокусот на европските институции и лидери од заштитата на нашата историја, култура и јазик и на заштитата на правата на Бугарите во РСМ. Јасно е и зошто ја покренав идејата за нивно вклучување во Уставот на државата како важен, задолжителен и прелиминарен услов“, рече шефот на бугарската држава.
Тој додаде дека очекува коректни дејствија и од бугарската влада и од европските институции „за одржување на европските принципи и норми во процесот на проширување“.
Тоа значи – да гарантира неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права, вели Радев.
Според него, доколку ЕУ не се заложи за европска перспектива на Балканот, врз основа на јасни принципи, норми и вредности, „тогаш порано или подоцна Балканот ќе ја соочи Европа со балканизација“.
Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека договорите вклучени во преговарачката рамка на ЕУ, треба да се почитуваат, на тој начин реплицирајќи на изјавата на Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ.
!Какви било толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија. Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега треба да бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, сега веќе не можат да се потпрат на неа“, смета Борисов.
Тој нагласи дека ќе иницира средба со Мицкоски доколку формира влада и повторно стане бугарски премиер.