четврток, 5 декември 2024

„Како горе така доле“ – проект на Андријана Андреева

Андријана Андреева е автор на проектот „Како горе така доле“ поддржан од Министерство за култура како проект од национален интерес во областа на визуелните уметности. Од 27 до 30 септември во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, проектот ќе се реализира со помош на Црвен крст и нивниот Дневен центар за лица со попреченост „Пролет“.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ми овозможи во овој проект да ги вклучам и лицата со попреченост, а преку работилницата да вметнам иновативност во креативниот израз. Тие со нескриен ентузијазам ги изработуваат автоматските цртежи и интервенираат на моите платна. Отвораат прозорче преку кое можеме да ѕирнеме во нивниот свет. Нивните дела ме инспирираат и ме водат на патувањето во центарот на „Јас“… нивното внатрешно, несвесно. Преплетување, поврзување на два света. Процесот е проткаен со непредвидливост која несомнено предизвикува посебен ефект кај уметникот а потоа и кај публиката.

Делата, насловите кои се дел од овој проект како „Рождество”, „Страдание”, „Монумент”, „И боговите сонуваат”, „Уметност во ера на автоматизација”, зборуваат за енергијата на сакралното која го придвижува мојот дух, мојата имагинација.
Човекот со самото тоа што постои не значи дека умее да сaка. Тоа треба да се научи.
Прашањето кое ме окупира како уметник е: дали може да се обединиме за социјални промени?! Може ли уметноста да ја инспирира публиката да ги погледне нештата од поинаков агол“, вели Андреева.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ