недела, 22 септември 2024

Јанаки Манаки ја доби почесната „Златна камера 300“, ја прими неговиот внук, Милтон

Интернационалниот фестивал на филмската камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ на синоќешното свечено отворање на фестивалот ја додели почесната „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки еден од двајцата браќа Манаки во чија чест е наречен и фестивалот. Во негово име наградата ја прими внукот, Милтон Манаки.

Објавено на

часот

Сподели

Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му ја додели почесната награда „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.

„Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки“, истакна Дамески.

Наградата му беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематограферите.

„Прв пат мојот татко ја прими наградата „Златна камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки“, истакна внукот Милтон.

Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред Центарот за култура, во Битола.

Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ