четврток, 10 октомври 2024

Израел извршил повеќе од 110 воздушни напади за еден час на југот на Либан (ВИДЕО)

Израелската авијација денес извршила најмалку 111 воздушни напади на Либан за еден час, помеѓу 13:30 и 14:30 часот по локално време, пренесуваат либанските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Серијата воздушни напади се извршени во областа Набатија.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека во јужен Либан се погодени околу 180 цели, пренесува Си-ен-ен.

Израелската воена авијација наводно уништила илјадници лансирни рампи на ракетни системи кои биле распоредени за дејство по израелска територија.

Покрај тоа, израелската артилерија гаѓала бројни области во јужен Либан, се тврди во соопштението на ИДФ и се додава дека израелската војска „ќе продолжи со работата на демонтажа и деградација на капацитетите и терористичката инфраструктура на Хезболах“.

Либанските медиуми известија за израелски напади на пошироко подрачје во јужен и источен Либан, наведувајќи дека предизвикале и шумски пожари.

Според ИДФ, нападите се одговор на денешниот ракетен напад на Хезболах на Израел со околу 90 проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ