Во околината на сириската престолнина претходно денес биле пријавени експлозии, а засега не се знае дали има жртви.
Во вчерашниот напад на израелската војска на предградието на сириската престолнина Маза се убиени најмалку 15 луѓе, додека 16 се ранети, соопшти сириското министерство за одбрана.
#Israel carries out attacks on the Mazzeh suburb of #Damascus, a day after a wave of deadly strikes on what Israel said were militant targets in the #Syrian capital https://t.co/JmptQwru0T
— Arab News (@arabnews) November 15, 2024
Според локалните жители кои избегале по неодамнешните напади, команданти на либанската паравојска Хезболах и на Иранската Револуционерна гарда со седиште во Сирија престојуваат во Маза.
أهالي #دمشق وقعوا ضحيه بين مطرقة الإسرائيلي و سندان الإيراني
أما الجبان بشار فلا محل له من الإعراب #سوريا #سورية #Syria #Damascus #Israel pic.twitter.com/pM4ALBPjb1— Hammam Fahim (@HammamFahim) November 15, 2024
Властите во минатото користеле згради во Маза за сместување лидери на палестинските фракции, вклучувајќи ги Хамас и Исламски џихад.
Претходно оваа недела Израел изврши воздушен напад на центар за собирање помош за раселените Либанци во близина на градот Хомс во Сирија.