Филмовите за Џејмс Бонд се најдолгиот непрекинат филмски серијал во историјата – се снимаат од 1962 до денес. Серијалот досега има заработено над 5 милијарди долари.
Изложбата „Бонд во движење“, која ќе биде поставена цела година, прикажува возила од 22-та филма за Бонд и вклучува, автомобили, бродови, мотори, санки, млазни направи…
Изложбата е составена од две големи колекции – една на американската Иан Флеминг Фондација а другата на Еон-продукција, која ги снима Бонд-филмовите.
Најновото продолжение на серијалот Џејмс Бонд, филмот „Скајфол“, треба да почне да се прикажува на 26 октомври.