На изложбата Хаџи-Николов ќе се претстави со 15 слики, масло на платно од циклусот „Приказни за виното”. Ова е 14-та самостојна изложба на сликарот во Варна.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1984 година, а членува и во Словенската литературна и уметничка академија со седиште во Варна(Бугарија).
Во повеќе од 40 – годишното творештво Хаџи-Николов има одржано самостојни изложби во земјава и во странство низ културните центри како Белград, Софија, Истанбул, Лондон, Париз и други градови.
За неговата уметничка дејност е наградуван 17 пати, меѓу другото е добитник и на Државната награда „23 октомври“ (2015) за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста, Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството за 2017 година, Награда за сликарство на изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во 2018 година и во 2022 година Плакета за животно дело од здружението „Мост“ – Струмица.