четврток, 5 декември 2024

Изложба на фотографии од свадби, крштевки, народни собири… на браќата Манаки

НУ Центар за култура и битолскиот Архив, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовираа ретки фотографии од семејни прослави, свадби, крштевки, народни собири, селски слави и други настани од минатиот век снимени со камерата на браќата Манаки.

Објавено на

часот

Сподели

Камерата на неуморните трагачи по уникатен кадар, браќата Манаки, биле сведоци на многу од овие збиднувања, почнувајќи од отворањето на своето студио во 1898, па сѐ до смртта на Милтон во 1964 година, информираа организаторите на изложбата во Битола.

„Фотографиите многу зборуваат, зборуваат за семејството, за родот,  за општеството за хиерархијата, за се. Фотографот е клучен фактор бидејќи тој прави една приказна на времето. Кога ќе слика една фотографија гледаме што носеле на нозете, какви панталони, какви шешири, капи, шубари…, со што се возеле кои превозни средства се користеле. Фотографот оставил траги за нас, и затоа ние сега оставаме за понатаму“, истакна м-р Валентин Соклевски.

Изложбата е поместена во битолскиот Музеј и е отворена во рамки на фестивалот „Илинденски денови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ