Ивановски го победи Хабиб со 2-0 во сетови, но тоа беше исклучително долг и тежок меч.
Ивановски првиот сет го доби во тајбрек со 8-6, а вториот го доби со 7-5. Мечот траеше еден час и 44 минути.
Македонецот во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Романецот Чезар Крету и Украинецот Олександар Овчаренко.
Интересно, Овчаренко е партнер на Ивановски во двојки и веќе попладнево треба да играат против Лајал од Естонија и Лок од Зимбабве. Тој меч е од полуфиналето на турнирот во двојки.