Ивановски и неговиот колега беа подобри од Марк Лајал и Бенјамин Лок со 2-1 во сетови, односно 6-4, 2-6 и 10-6.
Македонскиот тенисер заедно со неговиот соиграч за титулата во Србија ќе се борат против Андреј Чепелев и Микалаи Халак.
Ивановски претходно избори пласман во полуфинале во сингл конкуренција каде ќе игра токму против неговиот партнер во двојки, Овчаренко.