четврток, 19 септември 2024
Самуел Колономос Садикарио

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Историска комисија

Пред сè, да кажам дека мојата фамилија е целосно ликвидирана во концентрациониот логор Треблинка 1943 година, вкупно околу 200 лица, од германските нацисти, а апсењето и депортацијата ја изврши бугарската фашистичка армија, по налог на Цар Борис Трети, Богдан Филов (премиер) и Георги Белев (начелник за еврејски прашања).

Моите родители преживеаја, бидејќи беа партизани. Сепак, татко ми беше во бугарскиот концентрационен логор во Плевен, а такви имаше повеќе во Бугарија. А знаете ли кој ги ослободи? Црвената армија. Не „големите спасители“ Бугарите, како што се фалат лажејќи по светот, а светот за срам ги подdржува. Ниско и бедно.

Нашата „Комисија за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија“, или популарната „Историска комисија“, работеше дискретно и јавноста имаше многу малку информации за деталите од нивната работа. Сепак, за првпат тие направија „грешка“ и во медиумите нивниот претседател Драги Ѓоргиев (сега поранешен) во повеќе медиуми изјави дека бугарската влада во тоа време не била фашистичка и била само административна.

Тоа е големо понижување за Евреите од Македонија и за целиот свет и голем срам за нашата држава. Некои нивни членови и нивни пријатели ме убедуваа дека и самиот цар Борис Трети не бил фашист. Срам да им е! Јас реагирав и тогаш, но мислам дека никој тоа не го забележа.

Напомена: Бугарија никогаш не се извини за еврејскиот геноцид каде е клучен сојузник – што е услов за влегување во Европската Унија. Подоцна, „протече“ информацијата дека комисијата им признала на Бугарите дека цар Самоил не бил Македонец, туку Бугарин, а исто и за Светите Климент Охридски и Наум Охридски. „На пат биле“ и Охридската Архиепископија да им ја „подарат“ на Бугарите, но за среќа се побуни Македонската православна црква и тоа беше спречено. Замислете, ако тоа им успееше – тогаш Македонија и пошироко ќе беше под нивна духовна и културна управа.

Тоа е индикатор, како во провоодделенска читанка, дека Бугарија има империјалистички интенции и надвор од Македонија, сè до Јадранско-Јонско морската зона и тоа е првата причина зошто врши асимилација и во Албанија, секако со помош на „ментор“ или „ментори“.

Ако овие гестови на комисијата не се предавство и злочин, тогаш не знам што е. Сепак, велат дека некои членови се спротивставиле и тие заслужуваат почит.

Тоа што Владата на Македонија ја смени комисијата е за поздравување – со извесно задоцнување. Мојот пријател професорот Љубомир Цуцуловски вчера на „Канал 5“ кажа дека таква комисија воопшто не треба да постои, со сликовита аналогија. Јас се согласувам со него. Така кажа дека проблемот од феноменолошки, стана егзистенцијален. Но ако комисијата мора да постои – тогаш барем сите членови да бидат историчари (евентуално 1-2 врвни дипломати), реномирани професори и оние што ја сакаат својата татковина Македонија. Да не биде политичка и формална, како велат популарно „Курто и Мурто“, туку професионална и достојна. Странски член, познат историчар би бил многу пожелен, заради поголема објективност и арбитража, под услов да не е а приорен „бугаро-кондициониран“.

Но дури и новата комисија да е доста „тврда“ и резистентна на бугарски и наши притисоци, има и други опасности. Наши и странски експерти тврдат дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Р. Бугарија има големи замки (во протоколите, посебно вториот) со кои си ги запечатуваме своите ставови за постоењето на македонскиот народ (барем до 1945 г.), за историјата дека е „заедничка“ и дека нема македонски јазик, што е зацементирано во нивното Собрание.

Тоа е влезено „како вирус-ензим“, заедно со барањето за уставни промени, со надеж дека новата влада ќе ликвефицира (разводни) и ќе „легне на брашно“, или пак ќе дојде нова по нивен вкус.

Субјективно, мислам дека македонскиот синдром во Бугарија е морибунден уште од нејзиното формирање и дека никогаш нема да се откажат од своите ставови и империјалистичко-дигестивни нагони кон Македонија и пошироко. Нашиот народ заслужува многу повеќе почит и достоинство, отколку што пружаат овакви „комисии“ и договори.

                  Самуел Колономос Садикарио, пензиониран професор по медицина

КОЛУМНИ

Стефан Митиќ

Зошто САД се плашат од ТикТок?

Рајко Пеколски

Одложено дејство

Драган Даниловски

Oд јавно-здравствен аспект, седиме на „буре барут“!

Бранко Прља

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Ристо Цицонков

Вoзнемирувачка иднина (3)

Рајко Пеколски

Зaкон за смрт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ