четврток, 5 декември 2024

Илон Маск отвори компанија за развој на вештачка интелигенција ексАИ

Објавено на

часот

Сподели

Стартапот ќе го води Маск, главниот извршен директор на Тесла и сопственик на Твитер и Спејсекс, кој неколку пати кажа дека развојот на вештачката интелигенција треба да паузира и да се регулира.

„Го објавува формирањето на ексАИ за да ја разбереме реалноста“, објави Маск на Твитер.

Во тимот на стартапот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дипмајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл, и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.

Маск е единствениот директор, а Џаред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија е секретар.

Милијардерот во април кажа дека ќе формира ТрутГПТ, односно вештачка интелигенција која максимално ќе тежнее кон вистината за да им конкурира на Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако ОпенАИ минатата година го претстави популарниот четбот ЧетГПТ, пред Бард и Бинг.

Новата компанија на Маск тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ