четврток, 5 декември 2024

Илјадници американски воени трупи патуваат кон Израел

Објавено на

часот

Сподели

Под окото на медиумите илјадници американски војници се распоредуваат во Израел, а иранските власти веруваат дека ова е последното и најбесрамно предупредување дека САД наскоро ќе го нападнат Иран.
Тензиите помеѓу двете нации пораснаа во последните неколку месеци и уште повеќе се влошија во декември кога Иран успеа да „улови“ едно американско беспилотно летало. Имаше многу шпекулации дека кошкањето на двете држави брзо ќе ескалира во вистинска војна и дека тоа ќе се случи многу порано од очекувањата.
Во следните неколку недели Израел заедно со САД ќе биде домаќин на најголемата здружена ракетна вежба под името Едноставен предизвик 12. Поради стационирањето американски војници на другата страна на Хормушкиот теснец, на кој излегува Иран, и засилувањето на соседните држави со американско оружје, властите во Техеран сметаат дека ова не е тест, туку нешто многу поголемо.
Изворите од израелската војска тврдат дека вежбата била закажана многу пред неодамнешните тензии меѓу Иран и САД. Меѓутоа, загрижува фактот што за вежбата се потребни илјадници американски војници во Израел.
Америка неодамна ги опреми Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати со оружје способно одблиску да се уништи секоја шанса за иранско нуклеарно оружје, а сега стационира еден куп војска во Израел наводно поради воена вежба.
По американската шпионска мисија над Иран, која САД ги чинеше едно беспилотно летало, тензиите полека се приближуваат до точката на вриење. Откако Иран се закани дека ќе го затвори Хормушкиот теснец, стратегиска точка на патот на нафтата, САД испраќаат 15.000 маринци во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ