четврток, 5 декември 2024

Хрватскиот третолигаш Кустошија направи уште еден милионски трансфер

Кустошија, клубот кој настапува во третата хрватска лига станува еден од најуспешните развојни центри за млади фудбалери, ова и не е чудно ако се знае дека во овој клуб главен е влијателниот агент Енди Бара.

Објавено на

часот

Сподели

Кустошија сега го продаде 18-годишниот стопен Баје Кулибали во редовите на МЛС клубот Шарлот за сума од два милиони евра, плус милион евра во бонуси и 25 проценти од наредниот трансфер.

Младиот Кулибали се истакна во репрезентацијата на Мали на СП за играчи до 17 години кое се одржа во Индонезија. Неговите игри предизвикаа внимание и кај големите европски клубови како Реал Мадрид, Арсенал и Атлетико, но Енди Бара го купи во Кустошија од Етоал Манд за 500.000 евра.

Бара е еден од највлијателните менаџери во регионот, тој ја претвори Кустошија во расадник на таленти. А неговата агенција со која управува застапува и имиња како Алваро Мората, Ловро Мајер и Џонатан Иконе.

Првиот голем успех на Кустошија беше трансферот на Сенегалецот Микаил Фаје во Барселона за 1,5 милиони евра, со последователен трансфер во Рен за над 10 милиони евра. Минатата зима, напаѓачот Дино Клапија премина во Лајпциг за три милиони евра, а летово 16-годишниот Нико Томашевиќ го следеше со трансфер вреден еден милион евра, со потенцијални бонуси до три милиони евра.

Кустошија во моментов е седма во третата хрватска лига, нивната цел да создаваат тим кој претежно ќе биде составен од играчи кои се произведени од нивните младински категории кои подоцна ќе можат да бидат продадени за сериозни суми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ