„Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со ширење лажни вести. Но, тоа е нивна внатрешна работа која точно говори за нивниот целосно уништен кредибилитет да говорат за и во име на Албанците.
Опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството. Но, Вреди нема да дозволи ДУИ со лаги и манипулации да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Бидејќи, ние знаеме зошто ги форсираат овие приказни за наводно загрозен легитимет и наводно намалена застапеност на Албанците во институциите. Затоа што сакаат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Но, ние сме тука за да зборуваме за вистината.
Ние како Коалиција Вреди го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар и да ѝ одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо Вреди со четири министри, без претседател на Собранието, но заедно и со гаранции дека на локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга.
ДУИ има обврска да одговори дали сака Албанците да ги претвори во штит, за да ги спасат нивните корумпирани поранешни функционери и членови на нивните семејства“, рече Исени.