Ландо Норис ќе има прилика дополнително да ја намали предноста на Макс Ферстапен откако Холанѓанецот имаше пех во денешните квалификации.
Временските услови предизвикаа големи проблеми, дури пет пати беа покажани црвени знамиња, а токму една ваква ситуација го спречи Макс Верстапен да обезбеди пласман во третата сесија и остана заглавен на 12. позиција, на која плус ќе треба да се додаде и казната од пет места.
Во целиот хаос најдобро се снајде Ландо Норис, кој стигна до пол позиција пред Џорџ Расел и Јуки Цунода.
Потоа следуваа Окон, Лоусон, Леклер, Албон, Пиастри, Алонсо и Строл.