Абу Зухри го опиша убиството на Ханије како „сериозен гнев“ и посочи дека сторителите нема да ги постигнат своите цели, пренесе Ројтерс.
Во соопштението на Хамас се наведува дека Ханија бил убиен во „предавнички ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран, пренесува Ал Џезира.
Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханије и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Никој не ја презеде одговорноста, но постои сомневање дека Израел стои зад убиството, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври, според Асошиејтед прес.
Израел не излезе со соопштение во врска со убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведува американската агенција.