четврток, 5 декември 2024

Груби демантира поврзаност со настаните од 28 ноември и бара извинување од коалицијата Вреди

Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на денот на албанското знаме.

Објавено на

часот

Сподели

Во својата објава на Фејсбук тој ги демантираше наводите за неговата поврзаност со настаните искажани од коалицијата Вреди и побара јавно извинување.

„ Немате сила! Ниту знаење, ниту храброст, но уште поважно, ја немате волјата на Албанците, туку ја имате милоста на ВМРО и желбата да се потчинуватe и да им служите. Го осудувам насилството и палењето знамиња, како што го осудувам и институционалното поттикнување на тензии и селективната моноетничка правда и во најсилна можна форма демантирам каква било моја наводна монструозна и пропагандистичка поврзаност со настаните од 28 ноември. Срамот што си го наметнавте на себе и на вашите семејства не се покрива со никаква клевета, затоа, согласно законот, очекувам извинување од клеветникот во рок од 24 часа. Во спротивно ќе го тужам за откривање на неговите лаги кои се секојдневје“, се наведува во објавата на Груби.

Коалицијата Вреди денеска на прес-конференција обвини дека младите кои го запалија државното знаме на Макеоднија,  на денот на албанското знаме, се блиски соработници на поранешниот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ