Гризман кој има 33 години реши дека е време да заврши со играње за националниот тим. Одлука која беше прифатена како изненадување од јавноста.
„Благодарен сум за сите спомени во ова неверојатно поглавје од мојот живот, а сега е време за збогум“, кратко напиша Гризман со видео од најдобрите моменти во националниот дрес.
C’est avec le cœur plein de souvenirs que je clos ce chapitre de ma vie. Merci pour cette magnifique aventure tricolore et à bientôt. 🇫🇷 pic.twitter.com/qpw8dvdtFt
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) September 30, 2024
Играјќи за Франција Гризман го освои трофејот на Светското првенство во 2018 година, а се радуваше и во Лигата на нациите. Вкупно одигра 137 меча во дресот на „триколорите“, даде 44 гола и 38 асистенции.