Како што информираат од Градот, авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 26 април, во среда, во раните утрински часови. Додека терестричната дезинсекција (втора фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира истиот ден во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.