среда, 4 декември 2024

После три дена возење, приватните превозници пак ги паркираа автобусите

Приватните превозници ги исклучија автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

„Иницијативата е доставена доцна за да биде вклучена во оваа седница. Иницијативите се доставуваат до градоначалникот за мислење, а што не било случај со оваа. Таа ќе биде доставена денеска до градоначалничката Арсовска. Откако ќе биде разгледана од нејзина страна, иницијативата треба да биде вратена до Советот“, објасни претседателот на Советот на Град Скопје, Славески.

Од Град Скопје реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ