четврток, 5 декември 2024

Голф „кец“ ГТИ со чудесни 600 коњски сили (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Овој голф ГТИ е ѕвезда на трките во права линија во Европа во изминатите неколку години а претходно месецов се истакна на Рејс1000 во Германија. Не бил најбрзиот автомобил на настанот, но бил дефинитивно еден од најинтересните.

Нема многу информации за овој голф, но она што се знае е дека има здрави 600 коњски сили, благодарение главно на огромниот турбополнач. Тоа е луда бројка за автомобил од оваа големина и уште почудно е тоа што нема ДСГ менувач како модерен голф, туку традиционален рачен менувач.

На видеата може да видите како голфот се трка со други автомобили на настанот во Германија, меѓу кои голф Р седум, мерцедес АМГ ГТ 63С и ламборгини авентадор.

[video:https://youtu.be/C6kjrZH8ZdM autoplay:0] [video:https://youtu.be/_DWpH-4wfy4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ